НАСТАВНА АКТИВНОСТ
На крајот од секој семинар, учесниците можат да учествуваат во подготовката на наставната активност). Активноста подразбира изработка на билатерален модел на наставен час кој е наменет за учениците и кој може да се применува во наставата. Таа е конкретен резултат кој е осмислен врз основа на научното знаење стекнато за време на семинарот. Тим од избрани учесници ќе работи на оваа активност во текот на 3 месеци по завршувањето на обуката и ќе добива помош и надгледување од педагошкиот советник и од советникот за историја. Активноста ќе биде претставена на следниот состанок кој е предвидено да се одржи 6 месеци по семинарот.
Целта на подготовката на наставната активност е да се пренесат вештините, педагошките алатки и историското знаење кои се стекнати за време на семинарот организиран од Memorial de la Shoah. Се работи за алатка направена од наставниците и е исто така наменета за наставниците.
Доколку сакате да дознаете повеќе во врска со ова, Ве молиме контактирајте го нашиот педагошки советник Лоранда Милетиќ (Loranda.Miletic@azoo.hr)
Пет погрешни идеи во врска со холокаустот
Англиски / албански / македонски / српски
Доколку сакате да дознаете повеќе во врска со ова, Ве молиме контактирајте го нашиот педагошки советник Лоранда Милетиќ