КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

Mémorial de la Shoah обезбедува средина на почитување, безбедност и инклузивност за сите учесници, без разлика на нивниот родов идентитет, сексуална ориентација, попреченост, изглед, етничка припадност, раса, национално потекло, возраст, религија или која било друга категорија која е заштитена според важечкиот закон. Од сите учесници, вклучувајќи ги предавачите и персоналот се очекува да се однесуваат со интегритет и почит кон другите учесници кои присуствуваат или кон секој оној кој е вклучен во конференцијата.

Од учесниците се бара да ја почитуваат приватноста на другите учесници и да се воздржат од какво било неовластено или несакано снимање или фотографирање. На учесниците не им е дозволено да фотографираат или да снимаат видеа, освен ако претходно не е утврдена јасно искажана писмена согласност од страна на водителот и организаторот.

Целата комуникација, било да е вербална или електронска, мора да се одвива со почитување и на учтив начин. Несоодветното испраќање пораки или контактирање нема да бидат толерирани.

Ве молиме пополнете го образецот со кој се откажувате од правата на фотографиите за да му овозможите на Le Mémorial de la Shoah да објавува фотографии од нашите заеднички обуки на интернет и н а социјалните мрежи, наменето за нашите европски и финансиски партнери, со кликање тука:

https://forms.gle/aAshe5GmuAbnaN7KA