ХОЛОКАУСТОТ КАКО ПОЧЕТНА ТОЧКА
АЛБАНСКИ, СРПСКИ, МАКЕДОНСКИ
6-8 октомври
Скопје, Северна Македонија
LE MEMORIAL DE LA SHOAH Е ПОДДРЖАН ОД
МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТ
НА ЕВРЕИТЕ ОД
МАКЕДОНИЈА
ОВОЈ НАСТАН Е ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАН ОД
Најпрвин би сакале срдечно да Ви се заблагодариме за Вашето учество на оваа средба
на која холокаустот ќе се смета како заедничко наследство за Србија, Албанија и Северна Македонија и како основа за постапување со чувствителните прашања кои сè уште се актуелни. Настанот е организиран од Фондот на холокаустот на Евреите од Северна Македонија, Euroclio Албанија, српското Министерство за образование и Mémorial de la Shoah, финансиски поддржан од Claims Conference.
Подгответе се пред почетокот на семинарот.
Што претставува холокаустот како почетна точка?
Стануа збор за меѓународна програма која се подготвува од Mémorial de la Shoah од 2015 година. Вклучува семинари за обука на наставници на регионално ниво кои се организираат помеѓу земји кај постојат предизвикувачки или меѓусебно спротиставени сеќавања, во соработка со локалните образовни власти и невладини организации.
Каде ќе се одржува семинарот? Како да дојдете до локацијата? Сите ионформации кои ќе Ви требаат за Вашиот пат.
Одговор на актуелни прашања
Европа денес се соочува со подем на националистички, антисемитски, расистички и ксенофобични чувства, како и на екстремистички идеологии. Некои од овие дискурси честопати се засноваат на искривоколчувања на историски настани кои се однесуваат на холокаустот и Втората светска војна. Едукацијата е еден од најефикасните начини за борба против овие трендови. Поради оваа причина, Меморијалот става акцент на наставниците и на нивната улога во пренесувањето на знаењето на идните генерации.