Како се користи опцијата за симултан превод во ZOOM

Симултан превод за учесниците

Чекор 1

Приклучете се на ZOOM состанок каде има опција за симултан превод.

Чекор 2

 Кога организаторот на настанот ќе назначи преведувач, ќе се појави ново иконче „Interpretation“ како и дополнителна порака која Ве известува дека сега е достапна опција за слушање симултан превод.

Чекор 3

Кога ќе кликнете на копчето „Interpretation“, ќе може да го слушате избраниот јазик.

Чекор 4

Сега, копчето „Interpretation“ ќе се претвори во избраниот јазик. Ако сакате да го смените јазикот кој го слушате, кликнете на ова ново копче и повторете ја постапката.

Чекор 5 (незадолжително)

 Според изворно наместените параметри, избраниот јазик ќе го слушате со 80% јачина а оригиналниот звук со 20% јачин. Ако сакате да го вклучите или исклучите изворниот јазик, кликнете на копчето со името на јазикот кој сакате да го слушате.

Опција за преведувачите

Чекор 6

 Кога организаторот на настанот ќе назначи преведувач, ќе се појави ново прозорче со нотификација. Кликнете на „ОК“ за да почнете.

Чекор 7

Најдолу на екранот ќе се појави ново мени кои Ви овозможува да изберете еден од двата јазика на кои преведувате.

Чекор 8

 Едноставно изберете го едниот или другиот јазик при превдото. За време на состанокот можете колку пати сакате да ги менувате јазици. Кога ќе почнете со преводот, микрофонот мора да Ви биде вклучен.