Како се подесува вирутелна позадина на платформата Zoom
Пред состанокот
Чекор 1
Отворете ја апликацијата ZOOM и логирајте се.
Чекор 2
Влезете во подесувањата (settings)
Чекор 3
Изберете „Virtual Background“
Чекор 4
Кликнете на икончето „+“ најгоре десно од екранот на кој се наоѓаат предложените позадини и изберете „add image“.
Чекор 5
Разгледајте ја позадината и кликнете на „Open“.
Чекор 6
Кога ќе ја изберете позадината, затворете го прозорецот.
За време на состанокот
Чекор 1
Кликнете на стрелката најгоре десно од „Start Video“ и изберете „Choose Virtual Background“